За еден месец парк шумата Гази Баба ќе добие фитнес зона

Неодамна започна изградбата на фитнес зоната во парк шумата Гази Баба.

Фитнес зоната се гради на површина од 200 квадратни метри и таа ќе содржи девет реквизити за спорт и рекреација, наменети за сите возрасти, а дел од нив ќе бидат адаптирани и за лицата со хендикеп.

Целта е граѓаните да добијат место наменето за рекреација и спорт и тоа во природа, во парк шумата, која претставува природно богатство на општината.

Во таа насока ќе биде поставена дополнителна урбана опрема со што парк шумата Гази Баба ќе ја направиме вистинско рекреативно катче за сите граѓани.