За еден ден над 160 санкции за возачите во главниот град

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 169 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 49 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за непочитување на првенство на минување. 

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, сооппти МВР.