За два дена на територијата на СВР Битола казнети 104 моторџии

За два дена санкционирани биле 104 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикл на територија на СВР Битола.

Од МВР информираат дека на 15.05. и 17.05.2026 на подрачјето на СВР Битола спроведена била акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што констатирани 104 прекршоци во сообраќајот од страна на мотоциклистите.

На подрачјето на Битола санкционирани се 53 возачи, а на подрачје на Прилеп санкционирани се 47 мотоциклисти, додека четири на подрачје на Македонски Брод.

„Од нив, вкупно 47 прекршоци биле констатирани за некористење на заштитен шлем-кацига, 28 санкции за управување без возачка дозвола, девет прекршоци за нерегистрирани мотоцикли, мопеди. Притоа, констатирани биле четири прекршоци за измината важност на осигурителна полиса, изречени се две мерки за управување под дејство на алкохол, како и 12 останати прекршоци“, посочија од МВР.