За два часа двајца каснати од кучиња во Центар

Две лица биле каснати од кучиња вчера во Скопје.

Во првиот случај во 13,30 часот во Полициската станица Центар, 58-годишниот Т.М. од Скопје, пријавил дека истиот ден околу 11,30 часот на Плоштад Македонија бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Исто така, во 15,45 часот во Полициската станица Центар, 21-годишната Ј.Д. од Скопје, пријавила дека на улица “Црвена Скопска општина“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.