За дрога вчера се апсеше во Драчево, Гази Баба, Чаир, Центар, Аеродром...

Во текот на вчерашниот ден полицијата апсеше за дрога во повеќе скопски општини. 

На 27.11.2022 во 22.40 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.М.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 27.11.2022 во 20.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.Б.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 27.11.2022 во 13.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. 

На 27.11.2022 во 16.20 часот во с.Петровец, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Г.(31) од Струга затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. 

На 27.11.2022 во 22.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Џ.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

На 27.11.2022 во 12.45 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Б.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите одделни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.