За девојката која свесно ја бира самотијата...

И така значи, ти ја избра самотијата.

Ти ја избра безбедноста и релативната слобода на самотијата, затоа што тука нема никаков ризик. Ти можеш секоја вечер да седиш до ниедно време и да гледаш серии и да јадеш сладолед и да скролаш низ Фејсбукот и да не дозволиш твојот мозок во ниту еден момент да биде мирен.

Можеш да ги пополниш твоите денови со книги и кафиња и одење до продавница каде во мигот кога ќе го пречекориш прагот ќе заборавиш што си сакала да купиш. Можеш да направиш толку многу мали, безначајни работи во текот на денот и само да мислиш колку сакаш да спиеш, колку омалаксано се чувствуваш и колку си тажна. Можеш да се истоштуваш себеси постојано и го правиш тоа и мислиш дека се чувствуваш добро.

Никој нема да ја пополни таа празнина и никој нема во огледалото да покаже на твојот стомак, коса или очи и магично да направи да ги видиш сите прекрасни работи поради кои е прекрасно да се седи покрај тебе. И можеби, покрај се, се работи за тоа дека ти е страв дека никој нема да те сака онака како што ти сакаш. Можеби она што го сакаш е некој да направи да се сакаш себеси, да даде смисла на сета таа позитивна реторика, да направи да мислиш дека сета таа самотија пред телевизорот и слушалките во уши не е најубавото место каде можеш да бидеш.

Можеби сакаш некој кој ќе направи да видиш колку убави можат да бидат работите до степен кога не можеш да си помогнеш и едноставно кажуваш како се чувствуваш, дури и по цена да се посрамотиш. Затоа што ќе знаеш дека кога му викаш дека го сакаш, она што го навистина го кажуваш е: „Јас сакам себеси кога сум со тебе.“