За девојката која секогаш завршува со погрешни мажи

Не, не си луда.
Не си луда поради тоа што си разочарана од фактот дека не ти пишал цел ден.
Не си очајна ако му пишеш дека сакаш да го видиш.
Не си несигурна затоа што се прашуваш дали чувствува нешто за тебе.
Не си себична поради тоа што сакаш почесто да се гледате.
Не си опседната ако го прашаш кога е слободен.
Не си досадна ако го замолиш за услуга.
Не си патетична ако го проверуваш телефонот за да видиш дали ти пишал.
Не си параноична ако постојано го гледаш како зборува и си пишува со други.
Едноставно се чувствуваш дека не си приоритет. И тоа боли.
Сосема е во ред да му кажеш дека сакаш и заслужуваш да бидеш сакана.
Сосема е во ред да го прашаш дали му значи врската.
Ти си мудра ако размислуваш за тоа дали вашата врска е здрава.
Ти си храбра ако одлучиш дека таа врска повеќе не ти годи, а уште похрабра си ако си замине од отровната врска.

Ти не си луда затоа што мислиш дека заслужуваш повеќе. Всушност, можно е да си малку луда ако мислиш дека заслужуваш помалку!

nike air max 1 sale