За девојката која е престрога кон себе...

Посакуваш да можеш да кажеш дека си преамбициозна, затоа што тоа ти е во природата, а не затоа што се обидуваш да си дадеш признание самата на себе. Те имаат омаловажувано и те имаат земано здраво за готово речиси целот твојот живот. Целата таа внатрешна болка е најголемиот непријател со кој си се соочила досега.

Ти.

Ти се гледаш себеси ко жена која мора да постигне совршенство. Ти мораш да бидеш на истото ниво како и другите. Не смееш да дозволиш светот да те остави зад себе. Па затоа, се туркаш себеси, со цел да се вратиш во трката и да стигнеш до крајната цел која секогаш изгледа дека е се подалеку и подалеку.

Ти правеше грешка по грешка и се молиш дека ќе заборавиш на сѐ за време на ноќта, а сепак го носиш тој товар како животот да ти зависи од тоа. Ги користиш тие грешки и посрамувања како изговори да се казнуваш себеси и да се прашуваш зошто едноставно не ги погодуваш работите? Туркаш и туркаш и не сакаш ништо повеќе освен да си го средиш животот и да си го заврзеш со панделка како и сите останати. Не да бидеш само сакана, туку и почитувана.

Но, дали некогаш си се запрашала себеси една едноставна работа? Дали се обидуваш да бидеш како сите други или едноставно се обидуваш да бидеш како секој човек и избегнуваш да бидеш како себеси?

Знам дека најверојатно нема да го одговориш тоа прашање, затоа што носи страшно решение на вистинскиот проблем, а тоа е да си простиш самата на себе. Речиси никој не сака да се соочи со фактот дека едноставно не веруваат дека заслужуваат нешто. Ужасна работа е кога човек не се сака себеси.

Јас ти велам да го направиш првиот чекор, а првиот чекор е да си признаеш дека не си совршена. Ти не си луѓето во кои сакаш да се претвориш. Но, тоа не е најтешкиот дел од признанието. Најтешкиот дел е да сфатиш дека тоа е сосема океј. Океј е да не бидеш океј. Сосема во ред е да бидеш хаотична. Сосема е во ред да не знаеш од каде да почнеш при средување на тој хаос. Сосема е во ред да сфатиш дека нема поента да бидеш толку строга кон себеси. Во ред е да си простиш самата на себе, затоа што велат дека прошката е најголемиот подарок кој Бог го дава, а тој подарок живее во тебе.

Затоа, прости си на себе и најважно од сѐ, биди тоа што си, затоа што таму почнува слободата и знај дека не си сама. Имаш пријатели и семејство кои секогаш се тука за да ти дадат поддршка.

Единственото нешто коешто го барам од тебе е да почнеш да си бидеш добра другарка на самата себе.