За девојката која безусловно сака некој кој не ја цени

Оваа девојка е наивна, но не и глупава. Таа не е слаба, таа има огромно срце како планина и премногу љубов во себе.

Но, љубовта ја дава на погрешно место.

Таа е силна и храбра. Силна бидејќи сака некого на начин на кој таа заслужува да биде сакана, а храбра бидејќи минува низ пекол поради љубовта. Таа е силна и поради тоа што останува со него, иако тој и дава милион причини да си замине.

Таа е силна, бидејќи кога сака, таа тоа го прави со целото срце. Силна е бидејќи сака некого повеќе одошто се сака себеси.

Таа е девојката која сака силно и безусловно. Нејзиното срце е чисто и неизвалкано од злобата во светот. Така и таа секогаш го гледа најдоброто од луѓето, дури и најзлобните од нив.

Таа верува во луѓето. Повеќе од сѐ, таа верува во љубов. Храбра е поради тоа што го отвора срцето кон друга личност, а еден ден ќе биде храбра да си замине и да не се сврти назад.

Еден ден, таа ќе ја најде љубовта на својот живот, таква каква што е  - силна и храбра, и полна со љубов во себе.