За декада со добри луѓе, пријателства и врски

 

Ако еден ден заминеме од овој свет, никој нема премногу да се сеќава на нас.  Впрочем, нема да се сеќаваат на повеќето луѓе, освен на неколку исклучоци. 

Но, никој нема да нè памети освен нашето семејство, нашите потомци и блиски пријатели. Тие се оние кои ќе САКААТ да нè запаметат. 

Ја започнуваме својата животна приказна во семејството, а потоа среќаваме луѓе кои стануваат наши најдобри пријатели, среќаваме луѓе кои нè повредуваат или ги повредуваме и така го живееме животот. 

Со текот на времето, животот станува филтер и полека учиме како да ги препознаеме лошите луѓе. Можеби и не ги препознаваме од прва, но тоа ни носи важна лекција. Често трошиме и премногу енергија на таквите врски и односи, но се надеваме дека времето ќе не научи како да бидеме подобри – подобри кон себе, но и кон оние кои секогаш  се тука за нас. 

Почетокот на новата година е совршено време да ги оставите таквите луѓе позади себе, да го најдете својот мир и да не се плашите од тоа да бидете сами. Бидејќи и никогаш нема да бидете, се додека ги имате оние кои ве сакаат околу вас. 

Славете ги своите победи сами или со нив, не очекувајте оние негативните луѓе да бидат тука за вас. Тие никогаш нема да ракоплескаат на вашиот успех. 

Избегнете ги оние кои секогаш прават да се чувствувате како да не сте направиле нешто добро или како да сте виновни за тоа што се случува. Тие се несигурни луѓе, незадоволни од својот живот, за кои ништо не е доволно и тоа нема никаква врска со вас.

Оставете ги позади себе сите оние кои ви велат дека ве ценат и сакаат а се тука до вас, само кога им одговара. 

Кажете им збогум на пријателите од детството кои ви беа драги, но со кои созревавте на различен начин и се чувствувате како странци денеска.

Заборавете на сите оние кои ги бројат вашите грешки и кои секогаш нешто калкулираат.

Наместо тоа, кажете им здраво на новите луѓе, на новата енергија, на подоброто расположение кое ве очекува кога ќе заборавите на овие луѓе.