За да ви се оствари она што го посакувате, изговорете го на глас

Секојдневно изговараме стотина зборови и реченици. Разговорите, особено оние интимните со пријателите и семејството, ги подразбираме како дел од животот. Често немаме потреба да внимаваме што изговараме, затоа што имаме голема потреба за вербализирање. И тоа е добро. Често кога ќе ја искажеме тагата со зборови, таа привремено исчезнува. Меѓутоа, она што мораме да го знаеме е фактот дека универзумот ги толкува речениците кои ги изговараме како наредби. Сигурно досега сте слушнале дека мислите се оние кои ја создаваат нашата реалност. Но, зборовите кои ги изговараме на глас имаат уште поголема сила. 

За да ви се оствари она што го посакувате, изговорете го на глас! 

Затоа е важно да внимавате што изговарате во текот на животот. Факт е дека на сите ни се случуваат повеќе или помалку добри работи во животот и сите поминуваме низ периоди кои не се баш онакви какви што ги сакаме. Факт е дека понекогаш не се чувствуваме добро. Но, кога постојано изговараме лоши работи, исто како да му наредуваме на Универзумот да продолжи да ни праќа такви работи.

Сѐ што сакате да ви се случи изговарајте го на глас и тоа често. 

Љубов, здравје, работа, семејство, среќа, задоволство, пари, материјални средства, сѐ, ама баш сѐ можете да имате ако го изговорите на глас во денешниот момент.

Еве и примери:

Имам љубов!

Здрав/Здрава сум.

Имам работа и си ја сакам работата.

Имам пари.

Имам куќа. 

Јас сум родител. 

Среќен/а сум.

Имам мир. 

Препуштете ѝ се на фантазијата и изговарајте ги тие работи на глас.