За да не се судри директно со возило, свртил нагло па излетал од патот - тешко повреден мотоциклист од куманово

Вчера околу 17:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Горно Коњаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо“ и локален пат што води кон место викано „Млинари“, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од село Горно Коњаре управувајќи мопед „кимко“ со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки управувано од К.Т.(61) од Куманово свртил нагло по што изгубил контрола и заедно со мопедот паднал надвор од коловозот.

Во полицискиот билтен се наведува дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.