За да не се попречува одвивањето на сообраќајот, миењето на градските сообраќајници се реализира во ноќните часови

Миењето на градските сообраќајници се реализира во ноќните часови, за да не се попречува одвивањето на сообраќајот.

Вчеравечер, паралелно со рачното миење на улиците и булеварите во Скопје се одвиваше и машинско миење на коловозите, со цистерни.

Интензивното чистење на градските улици и булевари ќе продолжи во наредните денови во сите скопски општини.