За да ја гледате Македонија на ЕП во ракомет во Загреб спремете 160 евра за карти

Тешка зима ги чека македонските ракометни фанови. Доколку сакате да ја гледате македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска, ќе мора да имате подлабок џеб. Хрватите одредиле прилично „мрсни“ цени на влезниците. 

За групата во која игра Македонија и чии мечеви се играат во Загреб картите чинат 400 хрватски круни. Тоа е околу 53 евра или нешто над 3200 денари. Со таа карта можете да ги гледате двата натпревари од нашата група кои ќе се играат тој ден. 

Македонија отвора на 13 јануари против Словенија, а мечот почнува од 19:30 часот. 
Пред нас од 15:15 ќе играат Германија и Црна Гора.

Следниот натпревар на 15 јануари ни е против Црна Гора и ќе почне во 20:30 часот. Натпреварувањето во групната фаза го завршуваме на 17 јануари во среда со меч против Германија кој почнува во 18:15 часот. 

Математиката вели дека за 3 карти за мечевите од групната фаза ќе треба да платите околу 160 евра. Кога на тоа ќе додадете и сместување од 13 о 17 јануари но и трошоци за пат до Загреб, ќе треба да одвоите прилично сериозен буџет за да си го приуштите ова задоволство.