За човекот кој го сакам поради неговите слабости, а не поради неговите доблести

Ги сакам твоите слабости. Ја сакам суровоста на твоите раце и горчината во твоето срце. Ја сакам лудоста која те тера да се залетуваш по чудни нешта. Го сакам хаосот кој танцува во твојата душа.

Понекогаш си премногу за мене. Како да морам да се соочувам со милион нешта одеднаш.

Го сакам начинот како зборуваш длабоко и размислуваш брзо и како сакаш да се вклучиш во сите фини нешта кои ги нуди животот. Ги сакам и твоите пороци, ситните мали нешта кои те прават несовршен.

Ги сакам и твоите слабости. Сакам кога се смееш гласно и сакаш силно и кога си заминуваш без да ми прозбориш со денови. Сакам кога се обидуваш да го отвориш моето срце, а јас се плашам да зборувам.

Те сакам и кога се плашиш од мене и од тоа што ни го носат новите денови пред нас. Те сакам кога се плашиш од сите празници и родендени и големи настани кои наместо забава и среќа, ти носат осаменост.

Го сакам тоа што си несовршен. Највеќе од сè го сакам тоа што не ги криеш своите слабости. Бидејќи така се повредни за сакање.  Ти не се преправаш. Ти знаеш дека ќе ме повредиш и знаеш дека ќе те прифатам секогаш кога ќе решиш да се вратиш.