За чистење на коритото на Вардар не треба дозвола од Министерството за животна средина

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов вели дека станува збор за чистење на речното корито на Вардар кај населбата Ќерамидница за што не е потребна дозвола од Министерството за животна средина.

Инаку вчера неколку домашни медиуми објавија дека локалното население се жали дека со овие активности се поткопува коритото на Вардар.

– Граѓаните да не се грижат, се работи за чистење на користото на реката Вардар, што е наша законска обврска и немаме потреба да бараме дозвола од никого. До среда целосно ќе биде завршен делот кај Ќерамидница, по што ќе се продолжи кај хотелот „Русија“ – истакна Шилегов и потенцираше дека не треба да се дозволи Вардар да претставува опасност по животите и имотите на граѓаните.