За чист Центар и крај на комуналните проблеми

Општина Центар започнува кампања за ставање крај на комуналните проблеми и за чистење на општината.

„Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно“, се вели во повикот до граѓаните да пријават комунални проблеми.

Пријавувањето се врши преки смс порака или на вибер на телефон 076 313-387. Во оваа кампања токму жителите ќе го имаат клучниот придонес за чистење на Центар.

Во четврток, 22.02.2018 година ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Се повикуваат жителите од 08:00 до 13:00 да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот да ги изнесат и да ги остават пред влезовите на зградите.