За целите на проширување на „Борис Сарафов“ ќе се урнат два објекти

Поранешната фабрика „4ти јули“, односно два објекти од нејзиниот комплекс ќе бидат урнати, за да се прошири улицата „Борис Сарафов“ во скопската населба Ѓорче Петров.

По долги преговори постигнат е договор со сопствениците не земјиштето и објектите, за да се урнат објектите кои се наоѓаат на предвидената траса на улицата која во моментов се реконструира. Улицата „Борис Сарафов“ претставува проект за комплетирање на сообраќајните решенија во овој дел од градот и поврзување со кружниот тек кај црквата „Св. Петар и Павле“.
Со проширувањето на конкретната локација, во должина од 50 метри улицата ќе добие 4 коловозни ленти.

Со ова проширување, ќе се подобри безбедноста на сообраќајот како и протокот на возила, бидејќи ова место со години претставува тесно сообраќајно грло. Целта е да се растерети сообраќајот кој во моментов оди преку главната улица во населбата, улицата „Ѓорче Петров“.

По 30 години, конечно овој дел од Ѓорче, ќе го добие замислениот изглед и функционалност. За оваа цел Град Скопје и Општина Ѓорче Петров издвоија речиси 6 милиони денари.