За брзо возење казнети 181 возач на територија на цела држава

Казнети се 181 возач во текот на вчерашниот ден во спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движење со дури 70 километри на час повеќе од пропишаната. Притоа, информираат од МВР, 103 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат.