За брзо возење 468 санкции на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 468 возачи.

Од нив 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, соопштија од МВР, 243 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 225 надвор од населено место.

Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.