За брзо возење 209 казни на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 209 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 11 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 104 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 105 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.