За битките на самохраните мајки - најсилните жени кои ги познаваме

Млада, паметна и убава. Таа живееше среќен живот пред тој да се распадне на милион парчиња и да остане сама на светот. Реалноста удира силно, соочувајќи ја со најголемите предизвици со кои може да се соочи една личност.

Првите месеци, па и години се вистински хаос. Постојани обиди да се постигне баланс меѓу работата и грижата за децата. Но, тоа што ја води напред е силната љубов кон своите деца која и помага да биде независна, одговорна и многу силна мајка.

Некогаш изгледа како силните напори да не се доволни. Недостатокот на поддршка од околината додава на такавата болка. Таа е постојано соочена со критики од другите, посебно од другите жени кои не разбираат што значи да се биде самохрана мајка. Се чини како што и да прави да не е доволно. Таа секогаш ќе биде осудувана од другите.

Ако работи малку е обвинувана дека нема доволно финансиски средства за да им помогне на децата, а ако работи многу дека не им посветува доволно внимание.

Но, вистината е дека таа прави најдобро што може. Се внесува целосно со своето срце за да им го даде на своите деца тоа што го заслужуваат, но и да биде добар пример кон нив. Дава сѐ од  себе за да не дозволи тие да знаат колку малку спие, колку плаче ноќе и колку животот е претежок кон неа понекогаш.

Оваа жена никогаш не планирала дека нејзиниот живот ќе биде токму ваков. Но, гледајќи во очите на своите деца знае зошто толку силно треба да турка напред.