Откако ги донесоа законите за четирите стратешки инвестиции на Министерот за економија, Крешник Бектеши му текна дека е спорно на еден од тие инвеститори да му се даде директна државна помош за нешто што од почеток е профитабилна инвестиција.
- “Имаме четири стратешки инвестиции кои се пратени од страна на Владата во Собранието.За една од нив мислиме дека треба да се репреговара со потенцијалниот стратешки инвеститор за одредени работи имајќи ги во предвид и мислењата од надлежните институции како што се Државниот правобранител, Комисијата за заштита на конкуренцијата, министерствата за финансии, за транспорт и врски, за земјоделство, за животна средина, ЕСМ, МЕПСО и други институции кои треба дополнително да го дадат своето мислење. Не би сакал да ја наведам компанијата заради тоа што мислам дека не било фер од моја страна да наведам одредена компанија од прес-конференција“, рече Бектеши
Министерот посочи дека тоа што се слуша и од експертите и од анализите кои се прават за лиценцирани рентабилни, профитабилни инвестиции да се дава директна државна помош од страна на Владата е спорно на ваквите инвестиции да им се дава дупла помош
- “Од тоа што го добиваме во делот на анализите не знам дали има ваков пример не само во регионот и во другите држави за една иста инвестиција да имаме два или три вида на помош.За една помош – да, тоа го прават сите држави во светот, но да имаме два или три вида помош за една инвестиција мислам дека би било спорно. Затоа многу внимателно треба да се гледаат тие предлози и тие барања од страна на стратешките инвеститори“, порача Бектеши.