За бебето мармозет во ЗОО Скопје пишува и позната светска новинска агенција

Неодамна, од ЗОО Скопје нè израдува веста дека се роди минијатурно мајмунче од видот мармозет.

„Бебето мармозет донесе радост во скопската Зоолошка градина“, наведува Ројтерс. Тие на Твитер објавија видео од овие преслатки суштества, кои се мали колку една педа. 

Бебето на овој вид е малечко колку палец. Тие се уште познати и како џуџести мармозети, бидејќи дури и највозрасните единки не се поголеми од една човечка дланка.