За 7 години Македонија ја напуштиле 1207 лекари

Во последните 7 години Македонија ја напуштиле 1207 лекари. Повеќето од нив се млади лекари до 35 години, возраст кога се смета дека е најпродуктивна во медицината.

Интерните истражувања и анкети кои клубот на млади лекари ги направи помеѓу студентите по медицина на медицинскиот факултет укажале дека најголем дел од студентите веќе го изучуваат германскиот јазик, како почетна фаза на комплетно заминување и продолжување на научното усовршување надвор од Македонија.

Целта на настанот кој го организираше клубот на млади лекари е зголемување на учеството на младите лекари во реформските пороцеси во здравствениот систем.