Дуќаните што нудат носена облека се главен тренд во светските метрополи.Но граѓаните во Македонија се уште се скептични кога станува збор за алишта од втора рака.

Familly shop или така наречените second hand продавници каде се продава носена облекa, ги има и кај нас. Освен што се еднаш носени ги има и само во една големина.

Сопствениците на дуќаните се обидуват да ја тргнат предрасудата дека е срамота да се купуваат носени алишта. Но, овој бизнис станува се поголем и поисплатлив и купувачите се задоволни.

Скопјани и за 600 денари можат да се облечат од глава до пети во некои од ултра познатите брендови, како „Хуго Бос" или „Армани". Овие парчиња брендирана облека за многу пониска цена ќе ги најдете во продавниците за стара облека. Изминатите десет години, овој вид на пазарење е табу тема за жителите на главниот град, но такви продавници се уште постојат, а голем број луѓе се облекуваат таму. Најчести посетители во овие продавници се повеќечлените семејства, но и млади луѓе кои сакаат да бидат во тек со модата и да носат брендирана облека за малку пари.

-На почетокот луѓето кога влегуваа прашуваа зашто толку се ниски цените на некои парчиња облека, им требаше време за да го прифатат фактот дека овие алишта се еднаш носени , но хемиски ичистени и се пордаваат по поволна цена. Сега имаме многу муштерии, вели В.М. сопственичката на еден ваков бутик.

Освен што се задоволни со овој бизнис кој успешно го работат 5 години сопствениците напомнеуваат дека цените се ниски а алиштата чисти. Нивната стока потекнува од Германија каде преку пунктови се складираат алиштата и се увезуваат во Македонија.

Оваа фирма набавува 20 тони годишно облека речиси секоја година. Велат дека добрите парчина особено од познатите брендови, машките и спортските алишта најмногу се трошат.

На овие места има гардероба потпишана од дизајнер или познат бренд, по цена од 50 и најмногу до 1500 денари. Така од овие продавници можете да потрошите помалку пари а притоа да купите повеќе алишта.