За 6 месеци 170 илјади патници се качиле со жичарницата до врвот на Водно

Бројот на корисници на жичницата на Водно во првото полугодие e за 38.940 патници поголем годинава во однос на истиот период лани, според продадените билети.  Минатата година за период од шест месеци, од јануари до јуни, биле продадени 132.035 билети, годинава во првите шест месеци со жичницата со купен билет биле превезени 170.975 патници.

Ова го покажува и го потврдува последниот извештај за остварените резултати од работењето на ЈСП со жичницата, за првите 6 месеци од годинава.