За 24 часа се казнети 14 лица заради зборување на мобилен

Изминатите 24 часа се казнети 14 лица заради зборување на мобилен. Инаку во десет сообраќајни несреќи предизвикани од различни причини изминатото деноноќие, повредени се 5 лица. За среќа само полесно.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција открила и исклучила од сообраќај 33 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 20 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден почетник, како и три технички неисправни возила, 12 нерегистрирани и едно возило за претовар.
Специјалното возило „пајак“ отстранило 58 возила.