За 20 отсто поевтинува мобилниот роаминг

Од 1 јули македонските мобилни оператори на корисниците кои ќе патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и во Црна Гора една минута во роаминг ќе наплатуваат по 11,6 денари, СМС порака ќе чини 3,7 денари, а цената за еден мегабајт-интернет ќе изнесува 12,3 денари.

Од овој датум почнува примената на третиот бран намалување на цените на балканскиот роаминг врз основа на договорот кој во септември 2015 година го усвоија владите на овие четири држави.

Цените на регионалните роаминг-услуги веќе се намалуваат две години по ред, а планот е тие постепено да поевтинуваат и да се доведат до нивото на Европската Унија (ЕУ). 

Од друга страна, од 15 јуни во рамките на Европската Унија се укинува роамингот, поточно кажано дополнителните давачки за разговори кога граѓаните на една земја членка престојуваат во друга. Во земјите од ЕУ секој ќе зборува според тарифниот план што го користи во својата земја. 

Сепак, за да се избегнат злоупотреби, европските оператори ќе може да наплаќаат дополнителни давачки во два случаја. Првиот случај е ако некој домашната СИМ-картичка ја користи поголем дел од врeмето во странство.

Според регулативата, претплатникот мора да помине повеќе од половина од времето на територијата на земјата од која е купена картичката и над половина од потрошувачката да му е регистрирано во нејзините граници во период од најмалку 4 месеци.

Вториот случај во кој операторите може да наплатуваат е кога претплатникот користи интернет во роаминг, кој го надминува обемот на сообраќај според тарифниот пакет и во согласност со политиката за фер употреба.

 

new nike air max 2019