За 2 недели украдени 5 возила во Скопје

Крадци демнат скапи возила и ги крадат во првиот момент на невнимание кај сопствениците. Само во последниве две недели украдени се 5 возила во Скопје . Полицијата пронајде две од пријавените возила кои беа украдени од центарот на градот а сопствениците ги оставиле со клуч на брава.

Во последниот случај од пред два дена,  се работи за автомобили марка  Ауди, Мерцедес и БМВ украдени од автоплац за продажба на половни возила. Оставените клучеви во возилата на крадците им го олесниле пленот.

Статистиката на МВР за минатата година биле украдени повеќе од 400 автомобили. Дали се работи за организирни криминални групи нема детали од полицијата. Неофицијално има голем број на случаи каде крадците барале откуп од сопствениците.  Експерти од областа велат дека голем број од овие случаи се поврзани сторителите но и соработуваат со криминални групи надвор од државата.

Професионалните клучари откриваат  како е можно да се украде возило кое има кодиран клуч.

- Крадат определени модели кои познаваат како да ги онеспособат. 15- 20 минути. Ако се од поновите возила некои од нив може и за 5 минути да ги украдат, вели Александар Ордевски, клучар.

Крадците одат до таму што ги вадат оригиналните комјутерски брави и за многу кратко време инсталираат нови.

- Насилно влегуваат во автомобилот и со помош на уред кој го  купуваат од црниот пазар за кратко време можат да го стартуваат возилото, додава Ордевски.

Апел до граѓаните да проверат на сервис или клучар кога купуваат половни автомобили колку клучеви се изработени од нивната брава. Од МВР пак ги предупредуваат граѓаните да не ги оставаат клучевите на брава кога сакаат да завршат некоја работа. Веднаш да пријават кога ќе бидат ограбени и да соработуваат со полицијата.