За 10 минути: Тесто готово за меки кифлички и погачи од кои ќе замириса цела куќа

Потребни состојки:

4 шолји од 2dl брашно

2 лажици шеќер

½ лажица сол

2 лажици масло од сончоглед

500ml млеко

11g сув квасец

Подготовка:

Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса.

Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер.

Потоа лесно размесете, направете облик по желба - пирошки, лепче, кифли...

Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени.

Послужете со главно јадење, салати, сосови...

Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото: