„X” за вчерашниот ракомет: Игра за мерак, браво за ракометарите!

Македонската ракометна репрезентација со борбена и посветена игра вчера го заврши своето учество на Светското првенство, поразена од моќната селекција на Франција.

Иако резултатот не беше во наша корист, навивачите велат дека ова е „пораз, вреден како победа“, признавајќи ја посветеноста и духот на нашите ракометари. Со овој резултат, Македонија го освои 15-тото место на светско ниво.

Темата предизвика големо внимание и на социјалната мрежа „X“, каде корисниците ги споделуваа своите мислења и поддршка за ракометарите.