Скопје е синоним за сообраќајна некулура, велат жителите на главниот град.
Секој секаде се брза, не се почитуваатпрописите, неправилно паркирање се дел од сообраќајниот хаос во Скопје, а свеста кај граѓаните тешко се менува. Пешаци поминуваат улица каде ќе стигнат. Не им е лесно ниту на велосипедистите. Дополнително, тука е и возачите на електрични тротинети кои превезуваат и деца без кациги.
Нервозни возачи, свирење, несоодветна брзина за возење, поминување на жолто па дури и на црвено светло на семафорот е сликата која се почесто може да се забележи низ улиците на главниот град.
За овој проблем на градот дебата се отвори и на социјалната мрежа „X“. Многумина забележуваат за неправилно поставените сообраќајни знаци, но направија и паралела со Берлин и ограничувањето на бризната на возење таму.
Редовно ми се лепат и ми светат ко ај побрзо,иако возам на средна лента. Многу често знам и внуците со мене да ги возам и повеќе од 50 низ Скопје не кревам. Не ми се десило некој фала богу инцидент или некој да ми се дере и слично, али лепењето е редовно и страшно ме нервира.
— БејбиБлу (Babyblue4433) February 2, 2025
Инаку од ко ја ограничивме на 50км низ Скопје некако како поише да изгинаа пешаци.
— П И П О (HerrPIPO) February 3, 2025
Абе прво се е безвезе и без логика овде. Ништо нее обележано ни означено како треба.. има разно разни знаци, некогаш на 10м има 2 различни брзини..ако одиш од Охрид до Скопје..по знаците шо се поставени, ти треба едно 2 дена..
— AbuManny (CoachDuterte) February 3, 2025
До 50км/ч е доволно. Секогаш кога возам во Скопје не сум возел нешто повеќе и еве да крене 55км/ч сам сум си крив и нема да гличам како вас.
— Рон Ван Демистри (TojSoSlikite) February 3, 2025
Кај нас на 30 е ограничено од кружниот католичка до семафорот кај треска (рузвелтова) да застане радат на средина за 1 саат пола скопје и мкд ќе остане без возачка!
— Росана (K0l0voz) February 3, 2025
У Берлин имаш 15 вида на јавен превоз у Скопје едини превоз е со кола и ако возиш 30 наа работа или у градинка ќе стигнеш у среда ако си тргнал у понеделник. Не е проблем шо возиме 60 како шо беше ограничувањето законско проблем се тие шо возат 90 и поминуваат на црвено.
— Dorotey Zlatko (@zlatkothegoldy) February 3, 2025