Wizzair ви овозможува 20% попуст за сите летови за сите дестинации

Wizz Air, најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа и лидер на авио-пазарот во Македонија,  денеска го објави својот еднодневен промотивен попуст од 20% на цената по седиште*, за сите резервации на летови кои ќе бидат направен денес, 27 јули, до полноќ. Попустот важи за сите резервации направени денес и се однесува на било која од од 124те WIZZ дестинации*.

Во Македонија, Wizz Air нуди вкупно 25 правци до 11 земји од своите два аеродроми во Скопје и Охрид, обезбедувајќи пристап од земјата до Европа и пошироко,  овозможувајќи  бизнис и останати патувања.

Wizz Air неодамна ја најави новата македонска  рута од Скопје до Хановер, главниот град на сојузната покраина - Долна Саксонија во Германија, која ќе започне од 31 октомври.

Tamara Vallois, менаџер за комуникации на Wizz Air изјави: "Среќни сме што ќе ги изненадиме нашите лојални македонски корисници со специјален попуст од 20% по промотивно седиште* и ќе обезбедиме за нашите патници уште пониски цени за некои од 450те WIZZ правци. Ги повикуваме сите нашите корисници да резервираат што поскоро, бидејќи промотивниот попуст од 20% ќе заврши 27 јули на полноќ. Фенси ниски цени и големи можности? Денес е одличен ден за резервации! "

За Wizz Air:
Wizz Air е најголемата нискобуџетна авиокомпанија во Централна и Источна Европа*, управувајќи со 71“Airbus A320” и “Airbus A321” авиони и нуди над 450 рути од 25 бази поврзувајќи 124 дестинации низ 38 држави. Во Wizz Air, преку 2.600 авијациски професионалци нудат инзворедна услуга и ниска цена на билетите и го прават Wizz Air подобриот избор за над 20 милиони патнициво последните 12 месеци. Wizz Air котира на Лондонската берза под тикер: WIZZ и се вклучени во „FTSE 250“ и „FTSE All – share Indices“.Wizz Airбеа именувани за авиокомпанија со најдобри вредности за 2016та година од страна на „Air Transport Worlf“ (ATW), еден од најголемите мултимедијални предавачи на информации и услуги на глобалниот авиопазар.