When in Krusevo, фестивал на адреналин и култура

When in Krusevo има за цел да им понуди ново и уникатно искуство во периодот помеѓу 4 и 6 август.

Програмата вклучува авантуристички – со МТБ и планинарски тури низ недопрената крушевска природа, адреналински тандем параглајдинг од Мечкин Камен, посета на историските знаменитости и музеи и, се разбира, многу забава на Крушевското езеро.

Незаборавното велосипедско доживување започнува со Гумење на 50м од Кумитскиот камп, поминува низ познатата Крушевска корија и преку историската Слива се искачува до манастирот св. Преображение и до Крстот над Крушево, каде се наоѓа еден од најубавите погледи кон Западна Македонија. Во добриот поглед ќе можеш да уживаш и преку организираните тандем летови со параглајдер од Мечкин Камен со искусните пилоти на клубот Heli XC.