We are the champions!! Од ова видео да се наежиш!! Еден и единствен...Вардар!

Има ли поубава фотографија и видео од ова? 

Ракометарите на Вардар денеска се враќаат во Скопје со шампионскиот пехар в раце по финалето кое ги искачи на европскиот пиедестал, а на навивачите им донесе огромна радост и гордост. „Ланксес Арена“ во Келн, каде се играше натпреварот против Веспрем беше толку полна со емоции, со радост и солзи, вресоци и неверување, што и градоначалничката на Келн, Хенриете Рикер на Твитер напиша: „Ваква атмосфера има само во меката на ракометот Келн! Му честитам на Вардар на победата во ЕХФ Лигата на шампиони!“