Вудро Вилсон стигна пред Општина Чаир

Со свечена академија и со откривање на статуата на поранешниот американски претседател Вудро Вилсон пред општинската зграда, општина Чаир вчера ја одбележа 100-годишнината од Версајскиот договор, кој го означи завршувањето на Првата светска војна, jaвува Вечер. На настанот присуствуваше делегација од градот Стентон, на чело со градоначалничката Carolynw Dull, каде што е роден Вилсон, и високи функционери од македонската влада.

Градоначалничката на градот Стентон, Carolynw Dull, истакна дека за неа претставува привилегија да се престојува во градот каде што е родена Мајка Тереза.

– Ве чувствувам како добри соседи иако сме оддалечени со километри -потенцираше Dull, која во знак на пријателство му предаде на Ганиу копија од клучот на градот Стентон, како и копијата од резолуцијата што Советот ја донел за продолжување и проширување на соработката со збратимената општина Чаир, со меѓусебна размена во областа на политиката, културата и социјалната заштита.