Вторник и среда неработни денови

Денот на народното востание 11 Октомври 2016 година (вторник), е неработен ден за сите граѓани на  Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Од Министерството на сите граѓани на Република Македонија, им го честитаат Денот на народното востание.

Среда првиот ден на Јом Кипур -12 октомври е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија.Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита празникот.