Вторник 21 август, неработен за муслиманите во Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 21 август, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед.

Истовремено, Министерството упати честитка по повод празникот.