Вториот човек на УЈП со остар тон кон градоначалничката Арсовска

По вчерашната одлука за прекин на договорите за ангажирање на 33 лица во градското претпријатие ЈП „Комунална хигиена“, во јавноста се бура од коментари и реакции.  Граѓаните на  фејсбук страната ја коментираат оваа одлука на градската администрација.

Коментари доаѓаат и од високи функциониери на ДУИ, а дел од медиумите овие коментари ги сметаат за закани упатени до градоначалничката Арсовска.

-Данела немој да мислиш дека си нашла „планина без волк“ и можеш да правиш што сакаш, напиша заменик директорот на УЈП на својот фејсвук профил.

Реакцијата на Абдул Селам Селами доаѓа по одлуката на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Комунална хигиена, Косана Мазнева за прекинување на договорот на 33 т.н. „рамковни вработувања“ во ова градско претпријатие.