Втората Боемска улица отворена со звуците на тамбурите

Вечерва, општина Центар свечено ја отвора „Боемска улица 2“. Подготовките се во завршна фаза а во моментов се садат 11 од 18 предвидени костени.

Повеќе од илјада присутни граѓани има можност во живо да ги слушнат најпознатите хитови на Богдан и Величковски, уживајќи во прекрасната новогодишна атмосфера на украсената Боемска. Настанот во организација на општина Центар беше целосно финансиски поддржан од домашните реномирани брендови Скопско, Тиквеш и Пелистерка. 

Со греано вино и мезе приготвено од локалните ресторани, атмосферата беше совршена за безвременско уживање и дружба. На настанот пригоден говор и краток настап имаше македонскиот боем, пејач и композитор, Зафир Хаџиманов.

„Боемската улица ќе биде место каде граѓаните ќе може да уживаат во духот на старо Скопје. Со проектот е предвидено ограничено движење и паркирање на возилата по улицата, со што скопјани ќе добијат нова пешачка зона и можност за одмарање на под сенките на старите и нови костени“, информираат од општина Центар.