Втора успешна трансплантација на црн дроб во Македонија донесе „втор живот“ за Џевдет

Успешно е извршена втората трансплантација на црн дроб во Македонија.

Втората трансплантација на црн дроб која на 4 јануари беше извршена на Клиниката за анестензија, реанимација и интензивно лекување донесе втор живот за Џевдет. Донатор е пациентка со мозочна смрт од единицата за интензивно лекување на Клиника за неврохирургија.

Успешната трансплантација на црниот дроб е направена од страна на тим од доктори преводени Проф. Зоран Караџов, заедно со колегите Проф. Антовиќ, Асс. Огњеновиќ и Асс. Рушити и специјализантот Д-р. Китевски. Предводник на анестезиолошкиот тим е Прим. Д-р. Спировска, заедно со колегите анестезиолози Д-р. Бурмузоска, Д-р. Наумовски, Д-р Агуши и Д-р Огњанова и анестетичари с. Слаѓана, с. Ивана, с. Анета и перфузионист с. Виолета Котевска.

Три недела после операцијата пациентот бил третиран на Клиниката за дигестивна хирургија, во координација со вработените од Клиниката за гастроентерохепатологија. Целиот процес е координиран од страна националниот координатор Д-р Мојсова и клиничките координатори од Клиниката за анестензија, реанимација и интензивно лекување Д-р Андоновска и Д-р Дурнев.