Втора самостојна изложба на Моника Ризовска

Самостојна изложба насловена „The Morning After“ на ликовната уметница Моника Ризовска ќе се одржи во четврток вечер со почеток во 20 часот во Concept 37.

Изложбата ќе се состои од слики масло на платно, како и бројни мали графики и рачно боени светлечки елементи.

Ризовска во ноември минатата година имаше своја изложба „Pause.“ во МКЦ, на која беа изложени 16 големи слики со техника масло на платно и акрил, како и 10 помали слики.