Втора фаза од реконструкцијата на улицата Босна и Херцеговина

- Ве известуваме дека на дел од улицата Босна и Херцеговина, од к-цата со ул. Индира Ганди, бул. Македонско Косовска Бригада и ул. Словенија па се до к-цата со ул.Кемал Сејфула и ул. Александар Урдаревски, поради градежни работи за изведба на втората фаза од реконструкцијата на оваа сообраќајница, ќе биде воведен времен режим на сообраќај - информираат од Градот. 
Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните работи на улицата.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.