Втор, послаб земјотрес го здрма тлото во Македонија

Десетина минута по првиот земјотрес, во 16 часот и 15 минути и втор земјотрес го здрма тлото во Албанија, а се почувствува и во Македонија. Според информациите објавени во моментов вториот земјотрес бил нешто послеб со јачина од 5.3 степени според рихтеровата скала, а епицентарот бил на 31 километар од Тирана, Албанија.

Првиот земјотрес беше во 16.05 часот, со Рихтерова магнитуда од 5.8.