Втор концерт на Hooverphonic во Скопје

После неверојатно брзо распродадениот концерт на Hooverphonic во Скопје, Авалон Продукција ја пренасочи балканската рута, па наместо концерт во Софија на 30-ти март, бендот ќе одржи втор концерт во Скопје на истиот датум, во салата на Македонската филхармонија!

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба утре во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн на avalon.mk.

Најискрено Ве замолуваме да ги набавите Вашите влезници веднаш, затоа што интересот кој владее во државата и регионот за овој бенд е реално поголем од капацитетите на салите коишто ги работиме.

Во продолжение, погледнете го извонредниот тизер за европската турнеја- HOOVERPHONIC live 2019!