Врвниот пијанист Хају Жанг доаѓа во Скопје

Кинескиот пијанист Хају Жанг на 5 април (петок) во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот  ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел.

„Хају Жанг заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Јерухам Шаровски од Израел зад диригентсиот пулт, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина, која се реализираше во декември минатата година, кога ги освои срцата на кинеската публика“, информираат од Македонската филхармонија.

Хају Жанг ги освои срцата на критиката и публиката уште во својата рана младост настапувајќи во Европа, Јужна Америка и на Далечниот Исток.

Само во сезоната 2016/2017 година настапил пред повеќе од 50 илјади публика одржувајќи 30 рецитали во големите концертни сали низ Кина. Зад себе има три албуми за „Класикс“, а наскоро светлото на денот ќе го види и неговото четврто издание со пијано концерти од Моцарт.

Билетите се веќе достапни и можат да се набават на билетарницата во Македонската филхармонија и да се резервираат на телефонскиот број 02/3238-182.

air max 90 essential sale