Врв на скопска Гази Баба - вечно почивалиште на последната Босанска принцеза?

Дали сте чуле за Мавзолејот познат како Кирал Кизи Турбе или во превод „Гробницата на кралевата ќерка“? На ридот на Гази Баба наречен Урјан Баба веднаш над математичкиот факултет се наоѓа грибницата - мавзолејот на Последната Босанска Принцеза - Катарина Томашевиќ Котроманиќ .

Но, како дошло до тоа на врв на скопската Гази Баба да стои вечното почивалиште на последната Босанска принцеза? 

По падот на Босна под турска власт во 1463 година кралското семејство било погубено, а кралицата мајка Катарина успева да избега во Рим. Младиот принц Сигизмунд и принцезата Катарина која тогаш имала 9 години биле одведени во Станбол и таму ги потурчуваат. Младата принцеза Катарина добива турско име Ханума Емине и е доделена на скопскиот намесник Исхак Бег Исхаковиќ да се грижи за неа.

Умира млада а до ден денес не е познато дали била мажена. Се претпоставува дека умира како девојка на свои 15-16 години.Турбето првично било порушено од земјотресот во 1963 година, а обновено е дури во 2014 година. Заклучокот е дека во непосредна близина на Скопје стои вечното почивалиште на последната принцеза - ќерка на босанскиот крал Степан Котроманиќ Томашевиќ и кралицата Катарина Косача.

Оваа неверојатна приказна ја споделил Омко Гичиќ, на Фејсбук групата „Стари Скопјани“, а граѓаните со позитивни коментари за историското наследство во Град Скопје. „Добро е да се знаат вакви вредни информации“, „Вредно наследство што треба да се чува“, „Да слушнеме нешто убаво за нашето историско наследство и да го пренесеме“, велат скопјани во коментарите.