Врнежите веќе нема да се проблем - Нова атмосферска канализација на една улица во скопски Бутел

Надминат е уште еден долгогодишен проблем со кој се соочуваа жителите од улица Рудо во скопски Бутел, извести градоначалникот Дарко Костовски. 

- Целосно е завршен овој значаен проект во населбата Бутел кој го реши проблемот со атмосферските води. Ова е уште еден проект кој беше неопходно да се реализира а жителите на оваа улица го чекаа долги години. Изградбата на нова линија на атмосферска канализација која ќе ги собира дождовните води е во должина од 400 метри, објави Костовски. 

 Поради недостатокот на атмосферска канализација во минатото при врнежи од дожд, граѓаните се соочуваа со проблем, но со реализацијата на овој проект тој проблем се надминува.

- Општина Бутел ќе продолжиме да ја градиме како модерно и урбано место за живеење! - порача првиот човек на општината.