Врнежи од снег, намалена видливост, одрони: Важни информации од АМСМ

АМСМ објави важни информации за возачите кои планираат да патуваат во текот на денот.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег имаме во Маврово. Намалена видливост поради магла од 40 до 50 метри има на Попова Шапка, Крушево и Ѓавато, информираат од МВР.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.